| четврток, 6 декември 2018 |

Расмусен: Ние од самиот почеток не чувстувавме никаков притисок

csm bukurest

Тренерот на ЧСМ Букурешт, Ким Расмусен, со право беше горд на своите избранички по извонредниот настап на олстар викендот што беше крунисан со вечерашниот триумф над Ѓер и искачување на тронот на ракометна Европа. Романките допатуваа во Будимпешта како аутсајдерки, но чудото со елиминацијата на Ростов во четвртфиналето го комплетираа со победите над ЖРК Вардар и над Ѓер, покажувајќи фантастична игра, како во нападот, така и во одбраната.

„Јас од самиот почеток верував во ЧСМ Букурешт, знаев дека имаме шампионски тим, но се случија некои работи кои ме оневозможија да го склопам мозаикот онака како што посакував. Токму тоа ја прави оваа титула уште послатка, бидејќи ги надминавме сите проблеми и се искачивме на тронот на Европа. Мислам дека одигравме одлично финале, ги направивме сите оние ситници во играта токму онака како што треба. Не чувствувавме притисок како Ѓер, им го посочив тоа на девојките и им реков да уживаат, се случи токму тоа и на крајот заслужено славевме“ – истакна Расмусен по најголемиот успех во неговата тренерска кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top