| четврток, 6 декември 2018 |

„За да се памти“ концерт пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ посветен на 9 мај

„За да се памти“ е насловен концертот кој ќе се одржи вечер на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ по повод Денот на победата над фашизмот 9 мај.

На концертот ќе настапат Ана Кондратенко, прва виолина на Македонската филхармонија, пејачката Викторија Лоба и трио „Џентлмени“, како и руските културно-уметнички друштва од Република Македонија.

Пред почетокот на концертот е највено обраќање на рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак.

На 9 Мај се одбележува капитулацијата на нацистичка Германија во Втората светска војна, која во Русија се нарекува Голема татковинска војна.

За Денот на победата, во Русија е распространето китењето со црно-портокалова лента, која симболизира чад и пламен, а изразува почит и благодарност за учесниците во војната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top