Канадската невеста Елис Босоно требаше да венча викендов во Торонто, но нејзината венчаница е уништена заедно со продавницата од која е купена. Венчаницата изгорела во големиот пожар што ја зафати областа во провинцијата Алберта минатата недела.
Иако Босона и нејзиниот свршеник биле евакуирани од својот дом, заедно со десетици илјади други, тие решиле да продолжат со плановите за венчавка. Благодарејќи на моќта на интернетот и љубезноста на странците, таа доби нова венчаница.
Во желбата да се пронајде друга, слична венчаница и помогна нејзиниот пријател и фотограф Алекс Нири. Тој на фејсбук напиша и за само неколку часа Елис добила понуди од неколку стотина странци кои сакале да и ја подарат својата венчаница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.