Републиканците веќе имаат кандидат за претседател на САД, додека кај демократите се уште трае трката. Најмногу шанси засега да се најде очи в очи со Доналд Трамп има Хилари Клинтон. Кој од нив како актуелни кандидати да победи на изборите ќе собори некои рекорди и традиции долги и повеќе од еден век.
Кога Барак Обама влезе во Белата куќа, имаше 47 години и беше петтиот најмлад претседател во историјата на САД. Најмлад бил Теодор Рузвелт со 42 години и 322 дена. Кој и да победи на изборите ќе биде далеку постар.
Берни Сандерс ќе има 75 години на денот на инаугурација на наследник на Обама, што е речиси шест години постар од најстариот претседател во историјата на САД, Роналд Реган. Доналд Трамп би бил, исто така, најстариот претседател во историјата на САД доколку на 8 ноември победи на изборите, бидејќи на 14 јуни ќе наполни 70 години. Хилари Клинтон две недели пред изборот ќе наполни 69 години и ако биде избрана, ќе биде најстариот претседател во историјата на САД.
Во двата случаја – Трамп/Клинтон или Трамп/Сандерс, изборите на 8 ноември ќе бидат натпревар меѓу њујорчани. Тоа е првпат по 1944 година очи в очи во претседателска трка да бидат њујорчани.
Кога се случило тоа последен пат, победил Теодор Рузвелт. Иако Хилари е родена во Чикаго, живее во Њујорк и била сенатор на таа држава, па доколку кој од нив да победи тоа ќе бида првпат по 71 година њујорчанец да биде на тоа место.
Доколку Трамп биде победник, ќе биде кандидат кој потрошил најмалку за време на изборна кампања. Податоците од Федералната комисија за избори покажуваат дека Трамп до крајот на март потрошил 49 милиони долари од кои 36 милиони свои пари. Ниту еден кандадит од Алан Гор во 2000 година не потрошил помалку пари. Досега според извори на Си-Ен-Ен, Клинтон потрошила 187 милиони долари. Обама во кампањата имаше потрошено неверојатни 556 милиони долари.
Ако Трамп го наследи Обама, тоа ќе биде уривање на уште една традиција. Никој во изминатите 60 години не станал претседател на САД а да немал искуство како сенатор. Последниот претседател на САД кој немал политичко искуство бил Двајт Ајзенхауер, но тој пред преземањето на функцијата во 1953 година бил командант на сојузнички сили во Втората светска војна.
Во случај да победи, Хилари Клинтон би била прва жена претседател на САД.
Победа на поранешниот државен секретар би значела уште едно уривање на традицијата долга повеќе од еден век. Само двајца демократи успеале да наследат демократ на местото претседател на САД. Последен пат тоа му се случило на Џејмс Бјукенен во 1875 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.