| четврток, 6 декември 2018 |

Будуќност се прости од титулата, Ѓер е првиот финалист во ЛШ

Како и што се очекуваше првиот полуфинален натпревар на фајналфор турнирот во Будимпешта во Лигата на шампионите помина со големи возбудувања.
Актуелниот шампион Будуќност ќе мора да ја предаде титулата бидејќи денеска во преполната „Ласло Пап“ арена загуби од Ѓер минимално со 20-21.

ger 2

Унгарскиот тим е првиот финалист а друштво во финалето ќе му прави победникот од дуелот ЖРК Вардар – ЧСМ Букурешт.

Ѓер прв пат го подигна во 2013 година, а својата доминација ја потврди и следната сезона, на првото издание на Ф4. Лани, Ѓер не стигна до Ф4 по поразот од ЖРК Вардар во четвртфиналето, но годинава унгарскиот шампион одново се враќа на голема сцена и пред својата публика во „Ласло Пап Арена“ утре ќе игра ново финале.

ger 3

Од почетокот се играше гол за гол, сѐ до 22. минута, кога Ѓер поведе со 7-5, прво водство со два гола за која било од екипите. Будуќност нагло застана, не можеше да најде решение против извонредната одбрана и водството дојде и до три позитива во 27. минута. Откако и двете екипи постигнаа уште по еден гол до крајот на полувремето, на паузата важеше 11-8 за Ѓер.

На почетокот на вториот дел се почувствуваа советите на Драган Аџиќ од соблекувалната, па Будуќност фуриозно стартуваше со 4-0 поведувајќи со 12-11. Меѓутоа не требаше уште долго за да се врати старата поставеност на силите. Нападот на Црногорките повторно заглави, а Ѓер се одлепи на 17-14 итајќи кон победата.

buducnost

За да не им биде здодевно на десетте илјади Унгарци во арената „Ласло Пап“ Будуќност направи нов камбек, овој пат доближувајќи се на само еден негатива сѐ до последните секунди. Радмила Петровиќ имаше отворен шут за израмнување на 21-21 во последната минута, но го утна цел гол.

Кристина Неагу беше најефикасна со шест гола, четири постигна Катарина Булатовиќ, а по толку имаше најефикасниот квартет и во Ѓер – Нике Грот, Едуарда Аморим, Хејди Локе и Лин Суланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top