| четврток, 6 декември 2018 |

Поделени мислењата за визната либерализација: Турците одбија, Косовците се истепаа за биометриски пасоши

turcija eu

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ѝ порача на Европската унија дека нема да ги менува своите антитерористички закони заради безвизниот режим што го нуди Брисел.

Одете вие по вашиот пат, а ние ќе одиме по нашиот, рече Ердоган, а пораката стига по само еден ден откако поднесе оставка турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој преговараше со ЕУ.

Европа побара од Турција да исполни пет критериуми за да можат нејзините граѓани без визи да патуваат низ европските земји, а меѓу нив клучна е измената на законите и стеснувањето на законската дефиниција на тероризмот, во согласност со прописите во Европа.

Ердоган не сака да се согласи на тоа, бидејќи, како што вели, Турција е под голема закана на тероризам.

Турскиот претседател рече дека што поскоро треба да биде организиран референдум за уставните реформи кои му даваат пошироки овластувања на шефот на државата.

Неопходно е итно да одлучиме за новиот устав со претседателските овластувања. Во најкраток рок е потребно да се организира гласање по тоа прашање, рече Ердоган.

Од друга страна, веднаш по објавувањето на препораката на ЕК за визна либерализаиција на граѓаните на Косово, видно е зголемен интересот за добивање косовска биометриска патна исправа.

kosovo vizi

Пред шалтерите за доставување документи веќе се создадоа редици граѓани кои чекаат за да достават барање и да се фотографираат за косовска патна исправа, пишува „Зери”.

Според истиот извор, без оглед што Еропската комисија препорача укинување на визите за граѓаните на Косово за земјите од ЕУ, техничкиот процес, до движењето без визи, може да потрае до три месеци.

Како што вчера јавија косовските медиуми виоската европска претставничка Федерика Могерини и комесарот за миграција Димитрис Аврамопоулос, при прстојот во Приштина, одбиле да дадат точен датум кога косовските граѓани ќе може да патуваат без визи во земјите на ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top