Македонскиот шампион ЖРК Вардар трета година по ред е учесник на завршниот турнир од Лигата на шампионите во ракомет.
Оваа сезона „црвено-црниот“ состав е позрел и е со поголемо искуство од минатите две кога во полуфиналињата во арената „Ласло Пап“ губеше од црногорскиот состав Будуќност и на двапати го освојуваше третото место во малото финале.
Оваа година избраничките на тренерскиот двоец Кастратовиќ – Дејвис е поблиску до финалето, прво во историјата на клубот, бидејќи против себе ќе го има дебитантот во оваа фаза од најелитното натпреварување романската екипа ЧСМ Букурешт.
Сите од таборот на вардарки најавуваат дека ова ќе биде исклучително тежок меч бидејќи мора со ладни да глави да се одиграат сите 60 минути. Поправен испит нема.
Вардар во втората групна фаза оваа сезона во Лигата на шампионите победи во двата меча против денешниот противник. Иако на двапати славеше победите воопшто не беа извојувани лесно.
Сепак по доаѓањето на Давид Дејвис Камара во стручниот штаб на Вардар, екипата доби на цврстина и поголема ротација во тимот, што влева самодоверба кај сите ракометарки.
Од друга страна тренер на Романките е Данецот Расмунсен кој неславно завршни неговата одисеја во Вардар како помошник тренер. Секако неговата желба и мотивот на ракометарките на Букурешт нема да изостане и тие ќе ја бараат својата шанса за изненадување иако и во двата табора никој не сака да ја презема фаворитската улога.
Натпреварот во Будимпешта започнува во 17.45 часот, а во првото полуфинале се среќаваат неколкукратните европски гиганти Ѓер и Будуќност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.