| четврток, 6 декември 2018 |

Муслиман за првпат градоначалник на Лондон

Лабуристичкиот политичар Сакид Кан победи на вчерашните избори за градоначалник на Лондон, со што стана првиот муслиман кој тоа го сторил во големата европска престолнина.

Кан во владата на Гордон Браун беше министер за заедници, а подоцна министер за сообраќај.

За себе вели дека е „муслиман, Британец и Европеец“.

– Јас сум Британец. Имам пакистанско потекло, татко сум, сопруг, навивач на Ливерпул, изјави Кан.

Британците вчера гласаа за нова власт во Шкотска и Велс, за повеќе од 2.700 локални функционери ширум Англија и за нов градоначалник на Лондон.

Кан за девет процентни поени го победи својот конзервативел ривал зак Голдсмит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top