Министерот за транспорт и врски на Република Македонија, Владо Мисајловски, денеска беше во посета на општина Пустец.
За време на посетата Мисајловски оствари средба со градоначалникот Едмонд Темелко, со претставници на локалната власт како и со жители од општината.
Инаку, министерот Мисајловски денеска учествуваше на втората меѓународна конференција „Е-дозволи за конкурентен регион“ што се оддржа во Тирана, каде што имаше и свој говор.
Тој ги презентира реформите што ги спроведе Република Македонија во електронското издавање на градежни дозволи. Со воведувањето на оваа реформа Република Македонија е рангирана на 10 место во светот и на прво место во Европа и Централна Азија, во последниот извештај на Дуинг Бизнис, на ранг-листата за ефикасно спроведување на постапката за издавање на одобрение за градење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст