| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Мисајловски во Албанија – на конференција во Тирана и во посета на општина Пустец

Министерот за транспорт и врски на Република Македонија, Владо Мисајловски, денеска беше во посета на општина Пустец.

misajlovski vo pustec2

За време на посетата Мисајловски оствари средба со градоначалникот Едмонд Темелко, со претставници на локалната власт како и со жители од општината.

Инаку, министерот Мисајловски денеска учествуваше на втората меѓународна конференција „Е-дозволи за конкурентен регион“ што се оддржа во Тирана, каде што имаше и свој говор.

misajlovski vo tirana3

Тој ги презентира реформите што ги спроведе Република Македонија во електронското издавање на градежни дозволи. Со воведувањето на оваа реформа Република Македонија е рангирана на 10 место во светот и на прво место во Европа и Централна Азија, во последниот извештај на Дуинг Бизнис, на ранг-листата за ефикасно спроведување на постапката за издавање на одобрение за градење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top