Едно лице почина, а 180 се пренесени во болница во Јапонија поради топлотен удар, соопшти Агенцијата за вонредни ситуации.
Шест лица се наоѓаат во тешка состојба и ќе останат во болница три седмици. Повеќе од половина лица што доживеале топлотен удар се постари од 65 години.
Минатото лето, десетина лица починаа од топлотен удар, додека десетина илјади беа хоспитализирани во Јапонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.