Македонскиот истакнат обоист Васил Атанасов неодамна настапил во Грција како солист на Меѓународниот фестивал „Евмелија“ во Волос. Атанасов одржал целовечерен концерт заедно со познатата харфистка Кохар Андонијан од Бугарија, со која во 2003 година го издаде и заедничкото цеде под наслов „Магијата на музиката“.
На концертот во Волос, Атанасов се претставил со дела од Бах, Шуберт, Андре, Томас, Салседо, Родриго, Вебер, а ја извел и познатата македонска „Калеш Анѓа“ во негов аранжман.
– Нашиот настап беше проследен со внимание и со овации поздравен од многубројната публика во салата, каде што публиката дури и стоеше. Потоа настапивме на бис, а целиот концерт се емитуваше директно на ТВ. Овој мој успешен солистички настап наедно е значаен и за претставување на македонската музичка култура на Балканот и во светот – вели Атанасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.