| четврток, 6 декември 2018 |

Брзо слабеење со притискање четири точки од телото

Акупресурата не е надрилекарство и не е нешто нејасно, туку, тоа е комплексна медицинска техника. Акупунктурата и акупресурата веќе илјадници години им помагаат на луѓето да решат некои здравствени проблеми.

Накратко, логиката е во тоа дека секој орган од нашето тело, директно со помош на енергетски канали, е поврзан со одредени точки на телото.

Затоа, доколку сакате да ја подобрите функцијата на некои внатрешни органи, потребно е да ја пронајдете нивната одредена точка, и соодветно да ја масирате.

Во текстот подолу ќе можете да ги откриете точките кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми – илјадагодишна проверена практика!

Ако се придржувате до овие упатства, вашиот метаболизам ќе се забрза, а како резултат на тоа, ќе бидете многу поенергични во текот на денот, а вишокот масти полека ќе започнат да се елимираат бидејќи ќе се стопира нејзината акумулација.

Ќе започнете да го контролирате вашиот апетит и ќе создадете комплетно нов, здрав начин на живеење.

Ова се точките кои ќе ве ослободат од вишокот килограми:

1.ТОЧКА НА УВОТО

т2

Со масирање на оваа точка се обезбедува забрзување на метаболизмот, што придонесува за побрзо губење на тежината во сите делови од телото. Треба да се масира со палецот во траење од три минути, трипати дневно, со рамномерен и континуиран притисок на увото.

По масажата ќе забележите дека имате повеќе енергија. Исто така, со стимулирање на оваа точка се отстрануваат некои непријатни тегоби како што се: умор во рацете, нозете, рамената и стапалата.

2.ТОЧКА НА ЛИЦЕТО

т3

Оваа точка се наоѓа точно помеѓу носот и горната усна. Потребно е да се стимулира двапати дневно по пет минути. Таквата масажа помага во контролирање на гладот и нервозата. Ако се прејадувате во време на стрес, тогаш оваа вежба е идеална за вас!

3.ТОЧКА НА РАКАТА

т4

Ова е клучна точка на телото бидејќи низ неа минуваат сите меридијани на вашата внатрешна енергија. Со масирање на оваа точка, го ослободувате телото од вишокот телесна топлина и придонесувате за подобрување на работата на цревата.

Оваа точка треба да ја масирате 2-3 пати дневно во времетраење од една минута.

4.ТОЧКА НА НОГАТА

т5

Оваа точка е најкористената во акупресурата. Се нарекува Зу Сан Ли. Таа, не само што ја подобрува дигестијата, туку помага и во сузбивање на некои воспалителни процеси во целото тело..

Ја нарекуваат точка на долговечноста или точка против стотици болести. Таа се наоѓа под чашката на коленото.

За да ја пронајдете попрецизно, покријте го коленото со дланката од истата рака. Точката се наоѓа помеѓу завршетокот на малиот и домалиот прст, во вид на помало вдлабнување помеѓу коските.

Секојдневната масажа на оваа точка во вечерните часови е погодно за слабеење, од 400 до 500 грама седмично.

Оваа точка треба да се масира 9 пати со кружни движења во насока на стрелките од часовникот, на секоја нога наизменично (9 пати на едната и 9 пати на другата нога).

И така, 10 минути вкупно (по 5 минути за секоја нога). Но, немојте да масирате директно пред спиење, бидејќи може да предизвикате несоница.

При притисок на оваа точка ќе почувствувате блага непријатност, па дури и болка, а во спротивно нема да се постигне посакуваниот резултат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top