| четврток, 6 декември 2018 |

Лежерни фустани за секоја жена

 Од еднобојни до шарени, од едноставни до асиметрични кроеви, од најкратни до најдолги, од широки до тесни, за секого има по нешто

Кога ќе дојде топлото време, фустаните се најугодни и најженствени парчиња облека. Бројните модели на фустани може да се носат во лежерни, но и во поформални пригоди, дури и на работа. Сè е работа на комбинација со другите паричиња облека, обувки и додатоци.

Се носат сите должини, од оние најкусите, па до најдолгите. Освен должината, оваа сезона е различна и широчината на моделите на фустаните. Се носат од тесни до преголеми.

new-york-fashion-week-2017

Кошула-фустан

Се работи за модели на фустани кои изгледаат како преголеми кошули или маици. Овие модели ќе бидат голем хит сезонава бидејќи се удобни, практични и се носат во бројни пригоди. Оние што се подолги, може да се носат и на работното место.

Simple-Big-Szie-5XL-Women-Dress-2016-Spring-New-Design-Patchwork-3-4-Sleeve-Casual-Dress

Широки фустани

Иако широката, преголема облека се носи веќе неколку сезони, фустаните што изгледаат неколку броја поголеми, оваа година, можеби, нема да ги одушеват сите, но сигурно ќе имаат свои поборници. Во овие модели веројатно добро ќе се чувствуваат оние што се самоуверени и свесни за својата фигура.

4XL-Latest-Design-Fashion-New-2016-Spring-Summer-Print-Dress-Women-Red-Floral-Print-Long-Sleeve

Фустани со голи раменици

Освен кошула-фустаните, фустаните со голи и со полуголи раменици се апсолутен хит оваа сезона. Без разлика што станува збор за лежерни фустани кои ги покажуваат рамениците, овие фустани се многу женствени.

Асиметрични фустани

Фустани од најобични материјали со асиметричен крој секогаш изгледаат посебно и дефинитивно се истакнуваат во мнозинството. Ако сакате помалку класични кроеви, асиметричните фустани се дефинитивно оние што треба да ги побарате во продавниците.

Фустани со карнери

Карнерите со различна големина им даваат посебна убавина на фустаните. На некои модели изгледаат ретро, а некои модели имаат помалку егзотичен стил.

Фустан-ношница

Sydne-Style-shows-the-best-spring-2016-fashion-trends-with-lingerie-inspired-slip-dresses-at-Calvin-Klein-Givenchy-Balenciaga

Овие фустани изгледаат како елегантни ношници. Направени се од нежни свиленкасти материјали, со тантела и со други проѕирни украсни материјали. Идеални се за жешките летни денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top