За однесувањето на банките по одлуката на НБРМ за зголемување на каматната стапка, актуелниот директор на „Шпаркасе банка“, Глигор Бишев за ТВ Нова вели дека НБРМ да сакаше да повлече веднаш ликвидност сите банки ќе запишеа, но ја остави ликвидноста на банкарскиот сектор.
-Живееме од нашите клиенти и ја делиме нивната судбина. Ние не можеме да кажеме дека сме изолиран субјект. Сепак за разлика од професорите и политичарите на дневна основа ги слушаме нашите клиенти и мораме брзо да реагираме. Од тој аспект и во таква покомплицирана политичка и економска ситуација ќе се обидеме во следните 10-15 денови да опстоиме. Најлошо е да имате јојо однесување, денеска да направите мерка а утре да видите дека таа мерка не била базирана на фундаменталните фактори“, истакна актуелниот директор на „Шпаркасе банка“, Глигор Бишев за ТВ Нова.
Според него НБРМ да сакаше да повлече веднаш ликвидност сите банки ќе запишеа, но сега ја оставија ликвидноста на банкарскиот сектор.
-Тие кажаа ја дигаме каматната стапка, ќе го браниме денарот, но не повикаа ликвидност од банкарскиот сектор. Затоа не смееме да ги зголемиме, па веднаш да ги намалиме каматните стапки. Ќе продолжиме да се однесуваме нормално. За да го задржиме кредибилитетот не смееме да ги зголемиме денес каматните стапки и утре да ги повлечеме. Народна банка ни вели внимавајте со ликвидноста, па ние ќе ги следиме мерките и ќе го прилагодиме нашето однесување.Имаме сериозна ситуација која се обидуваме да не ја направиме покомплицирана. Најдобро е сите заедно да ја решиме ситуацијата преку разрешување на регенераторите што доведуваат до пораст на каматните стапки, додаде Бишев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот