Со новата колекција наречена „Женска вечер“ (Girls night out) за сезоната пролет-лето 2016 година, дизајнерката Мила вчеравечер го отвори нејзиното новото ателје во скопската населба Карпош 3.
Кадриу понуди вкупно петнаесет креации.
-Колекцијата е посветена на ноќниот живот. Ја создадовме за сите урбани девојки кои во своите вечерни излегувања сакаат да внесат гламур но и едноставност во облеката која ја носат. Низ колекцијата доминираат златната, белата и темно сината боја надополнети со бели, бледо розеви и црни детали. Тантела и кожените детали се провлекуваат низ дизајнот на геометриските форми – вели за својата нова колекција Кадриу.
За шминката на манекенките се погрижи Зоран Шурбевски со тим на мејкап апртисти додека за фризурите беа задолжени Војкан Андреевски од студиото за убавина „Фешн ВА“ и „Студио Мио“.
На отворањето беше презентиран и најновиот официјален каталог-сублимат од последното тринаесетто издание на Моден викенд Скопје, сезона пролет-лето 2016 година.
фото: Ани и Дими
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.