| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина загинаа во самоубиствен напад во Либија

Пет лица загинаа при денешниот самоубиствен напад со автомобил-бомба, извршен од страна на војник од Исламската држава во западна Либија, јавува БТА.

Напаѓачот-самоубиец го активирал автомобилот-бомба во контролниот пункт на полицијата во градот Мисрата.

Милицијата од Мисрата е една од најсилните во Либија, која  ја „одигра главната улога“ во симнувањето од власт на покојниот диктатор Муамер Гадафи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top