| четврток, 6 декември 2018 |

Верувања: Што ни навестува пламенот од свеќата која ја гориме за слава

Според старите обичаи пламенот на свеќата која ја гориме на слава ја претскажувал судбината на домашните.

Slava1-620x350

Свеќата за слава ја пали домаќинот и ако веднаш се разгори тоа е добар знак, а ако се угаси сам од себе  тоа е лош знак за целата куќа , а особено за домаќинот. Во некои краишта постои верување дека тоа претскажува смрт на некој во куќата, но тоа верување настанало кога цели фамилии живееле под еден покрив, па денес овој знак се толкува како несреќа која ќе го следи семејство цела година.

Доколку свеќата цело време „солзи“  и не гори добро тоа значи дека домашните и мачи  тага и дека ќе има уште пролеани солзи, а доколку свеќата се скрши на половина тоа пак значи дека домашните ќе имаат материјална штета.

Slava

По завршувањето на славата свеќата се гаси со вино, а според димот кој се дига над изгасената свеќа се толкува иднината.

Важно е во таа прилика да бидат затворени прозорите и да нема провев  за да се исклучат надворешни влијанија. Доколку чадот се дига равно кон горе и непрекинато тоа е добар знак, а доколку криви  и е испрекинат значи дека некој до домашните ќе се разболи. Ако чадот се насочи кон еден од домашните тоа значи дека токму тој ќе се разболи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top