Жените кои не им се допаѓаат веднаш ги убиваат, а оние убавите и младите доживуваат невидени трауми.
Поминаа две години од кога ИД продре во ирачкиот дел на Курдисатна и уби илјади припадници на Курди Јазиди, а жените кои ги заробиле и за кои процениле дека не се доволно убави и млад според правила вендаш ги убиле, додека тие другите ги продавале на пазар за робови во Мосул како сексуални робинки.
Новинарка на Дејли во Курдистан зборувала со психотерапевтот Елхам Салх , која таму заминала пред три години во склоп на хуманитарната организација Џијан фондација, специјализирана за женски прашања.
Нејзината задача била да им пружи помош на силуваните жени. Меѓутоа, додека пред три години најчесто жените биле силувани од познаници , сега се е сменето. Сега оние кои силуваат се непознати џихадисти на Исламската држава, што пак значи дека голем број на методи за терапија паѓаат во вода.
Како изгледа живото на силуваните жени по ослободувањето, новинарката Ани Лекас Миле опиша еден од нив.
-Ме претепа и ме присили да се соблечам, а тогаш како кучиња ме растгрнаа, ми се редеа се додека дишев – го опишуваше првото силување, а потоа и што следеше.
– Ме турнаа во соба каде имаше уште шест други џихадисти. Се изживуваа врз мене се додека не се онесветив.Ми се редеа еден по друг, ми гасеа цигари и ми бутаа шишиња во вагината, а потоа еден по еден ме силуваа додека другите навиваа и ме шутираа. Ме гореа, ме сечеа, се изживуваа врз мене како да сум мртва, ме мочаа и со постојано ме клоцаа, а потоа се редеа врз мене еден по друг како животни.
Голем број на овие жени не ги преживеале мачењата, а оние кои имале „среќа“ биле или откупени на пазар за робинки или некако успеале да избегаат. Но нивната број а е многу мал, а истите страдаат од депресија и тешки психички пореметувања.
Според официјалните податоци во заробеништво се наоѓаат се уште се наоѓаат околу 2000 жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.