Преродбата на Русија не е закана за никого, но ќе ги брани своите национални интереси, ако тие бидат под закана. Ова го изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на новиот командант на Обединетите вооружени сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Кертис Скапароти, кој ја вклучи Русија во новите безбедносни предизвици на Алијансата.
– Русија, безусловно, не може да остави без внимание какви и да се активности кои индиректно или потенцијално може да претставуваат закана за нејзините национални интереси. Русија традиционално ќе ги брани своите интереси, изјави Песков на прес-конференција во Кремљ.
– Ние постојано сме изјавувале дека преродба на Русија не претставува закана за никого, истакна портпаролот на рускиот претседател. Тој увери дека Русија постојано се залага за взаемно корисна соработка со известување на интересите на сите партнери и решавање на конфликтните ситуации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.