Кралицата Елизабета Втора неодамна наврши 90 години. Нејзиниот поранешен готвач Џон Хигингс откри каква е нејзината омилена храна.
– Во Бакингемската палата не се готви со лук. Освен тоа, никогаш за вечера не се подготвува храна полна со јаглехидрати, како ориз, компири или тестенини. Тоа е дел од безјаглехидратниот режим на кралицата. Кога јаде сендвичи, секогаш ги отстрануваме корките – вели тој.
Во исто време, сепак таа не се откажала целосно од слаткото, дури често си јаде чоколаден мус, суфле или пандишпан со чоколада.
Покрај тоа, таа во никој случај не е од тие што одбиваат да се напијат алкохол одвреме-навреме. Омилениот нејзин алкохолен пијалок е џин со тоник.
Плодовите што Елизабета Втора ги консумира за да ја задржи одлична здравствена состојба на 90-годишна возраст се манго, праски и јагоди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.