| четврток, 6 декември 2018 |

Од Германија во делчевско Бигла: Државните субвенции ги враќаат нашинците дома

Зафир Васев од делчевското село Бигла по повеќе години се врати во родниот крај од германскиот град Бретен. Освен него во Македонија планира да се враити и неговиот син.

 

zafir-vasev-640x384

Васев раскажува дека во родното место се чувствува одлично, зашто родното место секогаш е добро. „Како што викаат, и каменот ми е мил од местото кога го погледнав“, со многу емоции раскажува повратникот од Германија и вели дека Македонија нуди одлични услови за живот на село, а она што за него е неверојатно е што државата помага со субвенции.

Неверојатно е да има некој зад тебе и да ти помага како што е државата која дава субвенции. Само треба чесно да се работи за да се добијат субвенции, кои се многу добри. Имаме преку 1.000 различни садници: сливи, бадеми, костени, од сите насади имаме, истакнува Васев. Во Швајцарија човек со хеликоптер носи земја на камен и сади лозје за од тоа да живее мачејќи се. А тука ние сме подобри од Швајцарија со имотот, додава тој.

 

vasev-del-bigla-640x360

Васев посочува и дека сериозно размислуваат за изградба на сместувачки капацитети за туристите од странство кои сакаат да ја почувствуваат убавината и се заинтересирани за селски туризам.

Сакаме да направиме зграда која ќе се користи за летен туризам. Тука е доста добро. Сакаме да направиме три-четири апартмани. Има луѓе кои ја сакаат природата, сакаат да спијат како некогаш на рогозина, а не на кревет, на душеци и на море. Многу луѓе од Германија нè прашувале дали може тука да дојдат на селски одмор, објаснува Васев.

Васел додава дека и неговиот син, кој во моментов се наоѓа во Германија, планира да се врати, бидејќи, како што вели, не може да заборави дека е роден во Македонија.

Овие успешни примери се потврда за вистинските одлуки, но и поттик за сите оние кои можеби имаат психолошка бариера за животот на село. Дополнително преку промовираниот проект „Од град во село за нов почетокот“ се нуди голема помош за граѓаните кои ќе донесат одлука да се преселат на село без разлика дали порано направиле емиграција од село во град.

 

vila-vasev-640x356

На овие лица ќе им бидат понудени исклучително поволни пакет-мерки и бенефиции, кој опфаќаат парични средства за купување или доизградба, реновирање куќа на село, бесплатно земјиште за работа и искористување на бројните мерки кои им стојат на располагање на земјоделците.

Проектот којшто е исклучително поволен ќе се применува две години, односно ќе започне од јануари 2017 г., а ќе заврши во јануари 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top