Манекенката Емилија Розман, која минатата година ги бранеше нашите бои на изборот за Мис на светот, веќе извесен период е среќно заљубена. Нејзиниот избраник се вика Александар, а пред да започнат со врска биле пријатели, пишува „Вечер“.
Дека им цветаат рози и не можат да функционираат еден без друг, доказ се и многубројните фотки кои ги објавуваат на социјалните мрежи каде позираат заедно, а под истите можат да се видат испишани коментари од стилот ” Најубави сме”, “Среќни деца”, “Јас и мојата љубов”…
Освен што се фоткаат излезени во град, парот, исто така, заедно и учествува во хуманитарни акции, а неодамна дарувале и крв.
Дека зетот веќе е добро прифатен од страна на семејството на убавицата, сведочат и фотографиите на кои позираат во фамилијарен амбиент.
Иако Емилија не сака да зборува за приватниот живот и да коментира на оваа тема, и повеќе од очигледно е дека е “затрескана” до уши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.