| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Канада: Блокирани излези од градот, нема гориво, евакуирани преку 80.000 луѓе

Канада е соочена со најголемата евакуација во историјата на државата поради шумски пожар кој излегол од контрола. Преку 80.000 жители на градот Форт Мекмари на западот на земјата во порвинцијата Алеберта ги напуштија своите домови пред стихијата и по наредба на локалните власти. Големиот пожар се уште не е изгаснат, а официјални лица од провинцијата Алберта прогласија вонредна состојба.

Засега нема информации за повредени додека надлежните соопштија за уништени над 160 објекти. Сепак, пожарникарите се подготвуваат на уште еден пеколен ден, зашто времето е топло и суво, па не можат никако да гос тават под контрола пожарот.

Премиерката на Алберта, Ракел Нолти, изјави дека 105 пациенти од локалната болница се префрлени во други медицински установи. Министерот за локална управа Даниеле Ларив, рече дека провинцијата прогласила вонредна состојба бидејќи пожарот и понатаму активно гори во населени области.

Пожарот се шири поради силниот ветар и го гаснат околу 200 пожарникари со девет пожарникарски авиони и десетина хеликоптери. Проценките се дека е зафатена област од околу 7.500 хектари и очекувањата се дека ситуацијата може да се влоши поради силниот ветар и високите температури што создаваат „експлозивни услови“.

Компанијата Шел вече затвори еден рудник, а во тек е затворање и на уште еден во тоа подрачје, поради опасност да бидат зафатени од пожарот. Приоритет на комапнијата е сигурноста и поткрепата на локалната заедница, пренесува Ројтерс.

Регионалната влада во вторникот нареди ецакуација на сите жители, но таа многу тешко се одвува, бидејќи градот не може да се напушти по автопат, зашто поради пожарот тој е заворен, а се јавил и недостаток на гориво, па жителите не можеле да го напуштат градот со сопствени возила.

Пожарот изби уште во неделата југозападно од градот, а оттогаш ја промени насоката со помош на ветрот и во самиот град влего во вторникот. Прогнозата на потенцијалниот интензитет на пожарот покажува највисок степен на целото подрачје. Приоритет е да се заштити главната градска инфраструктура, што го вклучува и единствениот мост преку реката Атабаска и автопатото 63, единствениот излез од градот.

Повеќето квартови се уништени, 80 отсто од Бејкон Хил, Абасенд и Ватервејс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top