| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се симптомите доколку имате циста на јајници

Со помош на симптомите, ако добро ги забележуваме може да откриеме дали нешто не функционира како што треба во нашиот организам, пишува нмд.мк

Од огромна важност е да го наслушнувате своето тело и навремено да забележувате се’ што не е опасно, а би можело да биде.

Честопати кај жените се јавуваат цисти на јајници кои се целосно бенигни и исчезнуваат сами од себе, меѓутоа, кога цистата ќе порасне и ќе се зголеми, може да предизвика сериозни проблеми.

Ова се неколку симптоми – рани предупредувања кои не смеете да ги игнорирате а може да значат дека имате циста на јајници:

-подуеност или оток на абдоменот

-болна перисталтика на цревата

-болка во карлицата пред и после менструалниот циклус

-болка при полов однос

-болка во долниот дел на грбот или бутовите

-пречувствителни гради

-повраќење и мачнина

 

Како што може да забележите, голем број од симптомите упатуваат на почеток на менструален циклус, па дури и на бременост. Сепак, доколку некои од овие знаци се јават и се повторуваат во континуитет, најдобро е веднаш да посетите лекар:

 

-многу остра и силна болка во карлицата

-висока температура

-несвестица и вртогавица

-забрзано дишење

 

Ако ги имате раните симптоми или во консултација со лекар, покрај терапијата може да консумирате и неколку одлични билки кои на природен начин ќе ја отстранат цистата:

 

1.Црн Кохош (Actaea racemosa)

Оваа билка е фантастична за менструални болки, па побарајте таблети во аптека.

 

2.Витекс или Авраамово дрво (Vitex agnus-castus)

Со помош на оваа билка хормоните се враќаат во рамнотежа, а бремените никако не смеат да ја користат.

 

3.Корен од Мака

Уште позната и како билка на плодноста, ги балансира хормоните во организмот и помага за производство на прогестерон.

 

4.Бабин заб (Tribulus terrestris)

Оваа билка му помага на репродуктивниот систем и ја нормализира овулацијата.

 

5.Корен од глуварче

Со помош на оваа билка сите токсини од организмот се елиминираат, а благотворно делува и на јајниците.

6.Магарешки трн (Silybum marianum)

Еден од најдобрите лекови за чистење на црн дроб. Хормоните се балансираат, а цистите од јајници се елиминираат.

 

7.Сладок корен

Делува врз ендокриниот систем и врз работата на надбубрежните желзди, ги раствора цистите на јајници. Сепак, лица со зголемен крвен притисок мора да ја одбегнуваат оваа билка.

8.Цвет од црвена детелина

Оваа билка е богата со фитоестрогени, кои во човековиот организам се однесуваат како естрогени, па со консумирање се балансираат хормоните и со самото тоа се намалуваат цистите а на крај исчезнуваат.

9.Див Јам (Dioscorea villosa)

Оваа билка помага при менструални болки, но исто така, ги намалува шансите за појава на цисти на јајниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top