Дел од научниците тврдат дека среќата е вродена, но Лиса Елиот, авторка на книгата „Како се развиваат мозокот и умот во првите пет години од животот“, смета дека постојат аспекти, кои влијаат на тоа чувство…
Во зависност од тоа дали во личноста повеќе се иразени оптимизмот, песимизмот, срамежливоста или отвореноста, детето може да порасне во повеќе или помалку среќна личност.
Меѓутоа тоа не значи дека повлеченото дете ќе стане несреќно, бидејќи развојот во детството претстававува комбинација од карактерот и воспитувањето, нагласува Елиот.
Темпераментот може да се менува, да се обликува со искуство или да стане поинаков од она што е „запишано“ на почетокот.
Таа вели дека кај расположените и оптимистичките луѓе поактивна е левата страна од мозокот, а на сето тоа големо влијание имаат искуствата, кои како деца ги имале со родителите.
Позитивни приказни, оптимистички поглед и на најмалата животна ситница, сето тоа може да му помогне на детето да израсне во ведар и насмеан човек, додава Елиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.