| четврток, 6 декември 2018 |

Психопат ја прогонува Рада: Ѝ оставил бидермаер пред врата и ѝ напишал „Време е да станеш моја!“

Пред шест години, пејачката Радмила Манојловиќ ја прогонувал психопат, кој го следел секој нејзин чекор. Рада 12 месеци живеал под постојан стрес, а целиот случај го решила полицијата.

rada-manojlovic-foto-srbijadanas-2_2

Човекот кој бил опседнат со Рада го посетувал секој нејзин настап, а постојано и праќал „морничави писма“.

Пејачката неколку години подоцна конечно проговорила за тоа.

-Прво почнаа да ми стигаат пораки дека сум убава, идеална, добра. И тоа на мојот приватен број на телефонот кој го имаат само моето семејство и  најблиските пријатели. Мислам дека културно одговорив „благодарам“ и тука згрешив. Тој човек продолжи да ми пишува и по неколку пати на ден. И тоа прерасна во секојдневие. Почна да ми пишува  за нашата заедничка иднина, на адреса ми пристигаа пакети и писма. Кога на пријателите им дадов да ги прочитаат тие писма ми кажаа дека ова не шега и дека треба веднаш да реагирам. Според тоа што пишуваше во писмата сфатив дека тој човек бил на сите мои настапи. Кога почнаа да ми стигаат пораки да прекинам да се гледам со овој или оној, да не одам на некои места, многу се исплашив. Откако на вратата затекнав бидермајер со порака дека е време да станам негова се исплашив како никогаш до тогаш и појдов во полиција  – кажала Рада и порачала дека сите кои имаат слични проблеми треба веднаш да реагираат.

rada-manojlovic-foto-srbijadanas-9_0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top