| четврток, 6 декември 2018 |

Рада Манојловиќ ќе се омажи за познат тенисер кој моментално е во брак

Рада Манојловиќ конечно ќе биде среќна во љубовта. Толку многу, што кон крајот на годината ќе се омажи за познат тенисер кој моментално е во врска или брак.

rada-manojlovic-foto-srbijadanas-4_1

Ова на фолк пејачката и го претскажал познат астролог со кој недомна се сретнала во нејзиното родно место Четереже. Имено, Рада велигденските празници ги поминала со семејството, а една вечер кај нив наминал и соседот од улицата кој со години живее во Нови Сад. Тој успешно се занимава со астрологијата и има елитни клиенти, дури и некои политичари.

img_3922

Рада на шега го прашала што ќе и се случи во иднина, а тогаш толку се шокирала што останала без зборови. Астрологот го побарал само датумот на раѓање и точното време и веднаш и направил натална карта по што почнал да и кажува што ќе и се случи во блиска иднина.

 -Овој љубовен пекол кој трае последните девет години едноставно морало да ти се случи поради карма од минатиот живот. Од јули во твојот живот ќе влезе маж кој ќе те остави без здив. Тој ќе биде се што посакуваш. Речиси сум сигурен дека е тенисер. Јасно се гледа дека е доста познат, а на левата препона има белег во темна боја – и кажал астрологот на Рада.

Тој уште додал: „Постои само еден проблем. Тој моментално е во брак или сериозна врска која е некој вид на вонбрачна заедница. Но не грижи се, таа врска за брзо време ќе заврши. Твојот иден сопруг сакал да ја раскине таа врска уште во јануари, но  кога ќе те запознае тебе ќе ја забрза одлуката да се раздели со партнерката – и објаснил астроголот на пејачката.

rada-manojlovic-foto-srbijadanas-9_0

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top