Лестер и официјално ја освои шампионската титула во Премиер лигата на две кола до крајот, а еден од клучните играчи во тимот на Клаудио Раниери сезонава е неуморниот фудбалер од средниот ред, Н’Голо Канте. Францускиот „тркач“, кој ги пополнува сите дупки во дефанзива, а истовремено успева да биде и еден од креаторите на играта, го сврте вниманието на најголемите европски клубови. За него се интересираат Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Јувентус, а прв конкретна понуда испрати Пари Сен Жермен.
Раководството на богатиот француски клуб понуди 32 милиони фунти за ангажман на Н’Голо Канте во летниот преоден рок. Сепак, речиси сигурно за него ќе наддаваат и „кралевите“ и „црвените ѓаволи“, а менаџерот Клаиудио Раниери истакна дека Лестер ќе се обиде да ги задржи сите свои фудбалери за премиерниот настап во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)