| четврток, 6 декември 2018 |

Гризман: Баерн беше подобар на теренот, но ние одиме во финалето

Атлетико Мадрид го слави Антоан Гризман, францускиот ас кој го постигна единствениот гол за шпанскиот тим, кој на крајот се покажа и како пресуден за пласман во финалето на Лигата на шампионите. Баерн Минхен победи со 2-1, но тоа не беше доволно за да го елиминира Атлетико Мадрид, кој имаше предност од 1-0 од „Висенте Калдерон“.

Гризман признава дека Баерн Минхен беше подобар тим на вечерашниот дуел, но вели дека најважно е што Атлетико Мадрид ќе патува во Милано да биде дел од големото финале.

– Беше ова тежок натпревар, воопшто и не очекувавме ништо поинаку. Баерн Минхен беше подобар тим, создаде повеќе шанси, но ние постигнавме гол во вистински момент, кој ни даде сила да истраеме до крајот и да се пласираме во големото финале. Тоа е најважно, ние одиме во финале. Бевме фантастични во одбраната, од Облак, па се до последниот фудбалер – изјави Гризман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top