Голот што го постигна Антоан Гризман во 54.минута, на асистенција од Фернандо Торес, се покажа како клучен за пласман на Атлетико Мадрид во финалето на Лигата на шампионите. Иако мадриѓаните загубија со 2-1 на „Алијанц арена“, сепак, тие ќе играат на „Сан Сиро“ во финалниот меч на 28 мај.
Многу дилеми предизвика погодокот на Гризман, дали францускиот интернационалец се најде во офсајд позиција. Сепак, видеоматеријалот докажува дека голот е регуларен, а Гризман не беше во офсајд ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.