| четврток, 6 декември 2018 |

Натали Портман е „Опасната Џејн“

„Опасната Џејн“ е новиот американски вестерн во кој главната улога ја толкува добитничката на „Оскар“ Натали Портман, а кој ќе почне да се прикажува во кината на 19 мај.
Филмот „Опасната Џејн“ ја следи Џејн Хамонд која е на чекор од средување на животот со мажот Бил. Меѓутоа, кога нејзиниот сопруг повторно ќе се спречка со опасната банда, момците Бишоп и нивниот немилосрден газда Колин, Џејн за доброто на своето семејство од домаќинка станува опасна каубојка.
Покрај Портман, во филмот играат и Хуан Мекгрегор, Џоел Еџертон и Ноа Емерик, додека режијата е на Гевин Оконор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top