| четврток, 6 декември 2018 |

Војниците на готовс: Започна најголемата воена вежба на НАТО во Естонија

Започна најголемата воена вежба на НАТО силите на просторот на балтичката земја Естонија, недалеку од руската западна граница. Уште вчера во Естонија, една од трите Балтички земји кои што беа во состав на поранешниот Советски Сојуз, а денес се членки на најмоќната воена алијанса на светот – започнаа големи воени вежби.
estonski-pretsedatel-nato-vojska-01

Според информаците од терен кои што ги пренесуваат западните медиуми, вкупно 1,500 војници од земјите членки на НАТО Алијансата учествуваат во вежбата наречена „Пролетна Олуја“. Вежбите започнаа официјално во текот на вчерашниот ден, а се планира да траат до 20-ти овој месец.

Вклучувајќи ги и естонските војници кои секако ќе бидат дел од големата воена вежба, вкупно 6000 војници на НАТО ќе учествуваат во 20-дневните вежби на Балтикот.

nato-vezba-estonija-rucija-tocka-2016-02

Вежбите на НАТО алијансата ќе се одржуваат на просторот на јужните естонски региони – Тарта, Вора и Полва, односно во близина на руската граница со оглед на тоа што целиот исток од територијата на Есонија се граничи со Русија. Војниците и воената опрема во Естонија пристигнуваат од вкупно 10 НАТО земји. Главната цел на вежбата „Пролетна Олуја“, како што соопштија од министерството за одбрана на Естонија – е проценка на нивото на истренираност на војниците.

Во вежбите во Естонија ќе учествуваат и разни воени авиони, вклучувајќи ги полските „Су-22“ авиони и американските „Ф-15“.

Како и обично, одржувањето на воени вежби на НАТО алијансата во близина на границата на Русија предизвикува реакција од официјална Москва – руските власти порачаа дека секоја зголемена воена присутност на НАТО алијансата во близина на нивните граници ја сметаат како провокација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top