Ајвар, лутика, кисели краставички, слатко и мармалад и џемови. Македонските конзервни производи се се побарани на странските пазари.
Конзервната индустрија продолжува со зголемување на извозoт. Ланските добри приноси на градинарите влијаеа позитивно и на преработувачките капацитети.
Анализата на Македонската асоцијација на преработувачи покажува дека минатата година била рекордна за извоз на конзервната индустрија.
Според податоците во 2015 година се извезени 48,8 илјади тони преработено овошје и зеленчук што е за речиси 2.000 тони повеќе споредено со претходната година.
Вредносно гледано преработувачката индустрија од извоз на преработки лани инкасаирала 55,4 милиони евра што е за 4,2 милиони евра повеќе споредено со претходната 2014 година.
Најголем дел од вусните домашни преработки од овошје и зеленчук завршиле во земјите од Европската унија како и соседните пазари.
Според анализата македонско ајварче минатата година најмногу јаделе Германците по што следат Србите, а големи љубители на македонските преработки се исто така и Австралијците.
Според анализата на МАП за осум години извозот на преработки е зголемен за 18,5 тони на вкупно 48,8 илјади тони, додека вредносно гледано од 2007 година до лани извозот е зголемен за 18,5 милиони евра.
Бројките покажуваат дека поволните временски услови, најдобри во последните пет години, влијаеа на повисокиот квалитет и квантитет на градинарските култури.
Според министерот за земјоделство Михаил Цветков на македонскиот производ му е портебна промиција на соседните пазари, а за таа цел секоја година се издвојуваат околу 500 милиони евра за промоција на саеми во Европа, Русија и Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.