| четврток, 6 декември 2018 |

Се јави внуката на Бата Живојиновиќ: Дали оваа изјава на семејството значи дека треба да го очекуваме најлошото? (фото)

Актерот Велимир Бата Живојиновиќ мината среде беше примен во болница во Белград поради влошена здравствена состојба. Бата за жал не се чувствува најдобро.

bata

Во вторникот вечер нагло му се слошило.

-Лекарите се борат да му го стабилизираат здравјето. Бата не е најдобар , тешко дише, а параметрите засега не покажуваат позитивни резултати. За него се грижи најдобриот лекарски тим, а сопругата Лула е секој ден кај него – кажал извор кој сакал да остане анонимен.

Синот на Бата, Миљко ја коментирал состојбата на неговиот татко.

-На Бата му е многу тешко но ние се надеваме на најдобро, кажал Миљко.

Ќерката на Миљко и внуката на Бата додава дека неизмерно верува во Бата.

bata 3

-Јас верувам во мојот дедо. Разговаравме по телефон, тешко дише, но тој е мојот херој и се бори со насмевка. Штом ќе ги завршам работните обврски во Париз се враќам во Белград за да бидам до баба ми Лула и до дедо ми. Тие цел живот се грижеле за мене и сметам дека сега е време јас да се грижам за нив двајца, кажала Дина и додала: „Состојбата на дедо ми е доста сериозна и сакам да им се заблагодарам на сите доктори и медицинскиот персонал кој даваат се од себе да му помогнат на Бата. Прогнозите се неблагодарни, но сите веруваме дека Бата ќе ја добие и оваа битка. Баба ми Лула деноноќно бдее над него, кажала внуката на Бата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top