Дали некогаш сте забележале, како пред летот, една од стјуардесите кои ги пречекуваат патниците ги држи рацете зад грб?

Доколку мислевте дека тоа е некој нивен однапред одреден начин на однесување, грешите. Тие всушност кријате нешто во рацете. Нивната задача е да ги бројат патниците пред да полета авионот. Како не би ја загубиле низата, полесно им е да користат бројач сличен на овој на фотографијата.

Поради таа причина рацете им се најчесто зад грб за да не го привлекуваат вниманието со оваа постапка. Некогаш тоа го прават откако сите ќе седнат, а понекогаш и два пати – за време на влегување и откако сите ќе седнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


