| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец доби спор во Стразбур поради нефер судење во Македонија

sud Strazburg

Македонија го прекршила правото на фер судење во случајот „Балажовски“, одлучи денеска Европскиот суд за човекови права во Стразбур, јави „Канал 5“.

Македонскиот Врховен суд двапати постапувал по ревизија на предмет, а третиот пат предметот го отфрлил со образложение дека не ги исполнува критериумите за ревизија.

Според македонските претставници во Европскиот суд, најмногу тужби до Стразбур од нашава земја доаѓаат за долги притвори, скратени слободи, тортура и за нефер судење.

– Сега добиваме предмети од друга природа, кои домашните судови мора сериозно да ги анализираат и разбираат. Важно е судовите, обвинителствата и адвокатите да ја разбираат и да ја применуваат практиката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур – вели Мирјана Лазарова-Трајковска, судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Според неа, надлежните институции треба да организираат трибини и расправи бидејќи пресудите на Европскиот суд не само што треба да се извршуваат, туку тие укажуваат и на тоа каде судиите прават пропусти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top