Во најдлабокото место на земјата, Маријанската бразда, чија длабочина е 11 километри, бил пронајден нов животински вид.
Дното на Маријанската бразда, најдлабокото место на Земјата, крие многубројни тајни. Станува збор само за мал дел од истраженото подрачје на кое досега биле пронајдени необични животински видови. Најновата е медуза е со два вида на пипки, за која научниците веруваат дека станува збор за целосно нов вид. Постои сомнеж дека припаѓа на видот “crossota”, но ништо друго не се знае.
Видеото ги снимиле научниците на бродот на National Oceanic and atmospheric administration – NOAA. Тие моментално собираат податоци за слабо познатите подводни подрачја околу Маријанската бразда, која е долга 2550 километри и широка 69 километри. Во наредните месеци ќе се истражуваат вулкани, морски корали, подводни планини и друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.