На отварањето на еден ноќен клуб во Лас Вегас, ѕвезда на црвениот тепих била една од најпознатите русокоси во Америка – манекенката Шарлот Мекини.
Манекенката, која на многумина им е позната како двојничката на Кејт Аптон, самоуверено им позирала на фотографите облечена во кусо, сатенско фустанче покажувајќи ја убавината на своето раскошно тело.
Таа е девојка која секогаш ги воодушевува мажите и ги мами нивните воздишки, а мора да признаеме дека ни е јасно зошто е тоа така – младата атрактивна русокоса зрачи со сексапил и неодолив шарм.
Исто така, забележлива е и нејзината самодоверба која уште толку ја нагласува нејзината атрактивност, па затоа не е чудо што има такво влијание врз машкиот род.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.