| четврток, 6 декември 2018 |

Ви текнува на Руслана? Денес е политичарка и добива смртни закани (ФОТО)

rusltoshe
Украинската пејачка Руслана, која во 2004, годината кога Тоше не претставуваше на Евровизија, победи на фестивалот со песната „Wild dance”, после тој триумф продолжи да гради успешна кариера во својата земја. Покрај музиката, таа се занимава и со политика и беше еден од најгласните говорници за време на кризата во Украина.

За потсетување, вака изгледаше пејачката во 2004 година.

ruslana_1_

Тогаш, таа пленеше со својата експлозивна, енергична појава и дива убавина и со години после победата, на настапите се појавуваше во иста или слична облека.

Но, во меѓувреме, малку го стиши „амазонскиот“ стил, но и понатаму изгледа како да не поминал ниту еден ден.

Сепак, убавата Руслана не стекна светска слава, но во претходните неколку години го добиваше вниманието на странските медиуми со постојаните протести во Украина. Имено, во 2013 година таа се заканувала дека ќе се запали на плоштадот во Киев поради одлуката на власта да се откаже од потпишување на Спогодбата за асоцијација со ЕУ.

На сите протести, таа била главна личност и често со песни ги поддржувала собирите. Таа е голем поддржувач на Европската унија и на западот генерално, па така била воодушевена кога ја запознала Хилари Клинтон.

Во 2014 година почнала да се состанува со лидерите на сите западни земји и да ги моли да ѝ помогнат на нејзината земја. Поради својот политички ангажман добивала и закани со смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top