| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска химна на легендарната Хунгароринг во чест на Иџе (видео)

idze

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе победи на првата трка на ЦЕЗ кружните патеки, која се возеше патеката легендарната Хунгароринг во Унгарија. Во чест на Иџе по завршувањето на трката, беше интонирана македонската химна.

Игор Стефановски, кој сезонава се натпреварува во ЕТЦЦ шампионатот, со цел што подобро да се привикна на мешаницата која владее на овие натпреври, паузата меѓу трките во Словачка и Германија, реши да настапи на ЦЕЗ натпреварот.

Македонскиот авотмобилист, трката на Хунгароринг ја стартуваше од втората позиција, а на крајот триумфираше убедливо со време 25:40.724 минути. Резултатот на Иџе беше за осум секунди подобар од оној кој го оствари второпласираниот Јака Мариншек.

Следната трка во ЕТЦЦ шампионатот, на која ќе вози Иџе и трката во Нирнбургринг, Германија на 28.мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top