Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс на крајот од оваа сезона речиси сигурно ќе стане нов фудбалер на Баерн Минхен.
Хумелс и официјално побара заминување од Дортмунд, а по тој потег на сцена стапија германските медиуми, кои почнаа на виделина да вадат некои негови стари изјави. Секако, најинтересна е онаа од 2013 година кога се одлучи да го прокоментира заминувањето на Марио Геце од Дортмунд во Минхен.
– Не го разбирам Геце, а тоа и нему му го кажав. Сите во Дортмунд сме изненадени, и сигурен сум дека немаше доволно спортски причини да не напушти – изјави тогаш Хумелс.
Три години подоцна, германскиот репрезентативец е подготвен да го направи истиот чекор како неговиот поранешен, а можеби и иден колега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен
-
Баерн Mинхен едвај го победи последниот во Бундеслигата
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани