| четврток, 6 декември 2018 |

Името ви ја одредува судбината: Дени-стоматолог, Лора-правник…

Психолозите во Њујорк утврдиле дека Американците често несвесно бираат за себе професии кои ги содржат истите букви како нивните имиња и презимиња.

Имињата и презимињата имаат многу големо влијание на професијата која ја бирате. Овој феномен го нарекле имплицитен егоизам.

Мажите повеќе се врзуваат за презимето додека жените често професијата ја избираат според името, што се објаснува со фактот дека жените често го менуваат презимето откако ќе стапат во брак.

Во склад со овој феномен, психолозите настојувале и да истражуваат од 1990 година во регистарот за правници и стоматолози. Резултатите покажале дека американските забари најчесто се викале Денис, Дени, Дена, Дениз, додека правниците Лорен, Лоренс, Лори, Лора…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top