Народот застанува против виткањето „кичми“, против сценарија за дестабилизација, против рушењето на мирот и соживотот. Македонија е многу повеќе од ова. Сето ова ќе помине, и на крајот сите ќе треба да се погледнеме во огледало, и ние кои сега сме со народот, а и тие кои се од другата страна. Историјата ќе суди за улогите, а народот ќе цени. Ова го истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски испраќајќи порака до граѓаните дека Македонија ќе победи, земјата ќе продолжи да оди напред и да се развива!
-Македонија е подолг период во акутна политичка криза и знам дека таа криза го нарушува спокојството на граѓаните, нивниот мир, секојдневието и таа се одразува и на економијата, иако засега економијата се држи солидно. Има и такви, кои деновиве ги слушам во дел од медиумите кои порачуваат дека ситуацијата е безизлезна, нема надеж, дека нема светло на крајот од тунелот. Секој почеток има и свој крај, така е и со кризата. Политичката криза ќе се реши, а ние, сите ние ќе излеземе многу посилни од сето ова. Но и помудри.
Нема поголема сила од народот, а секој кој тргнал против народ е осуден на пропаст. Македонија ќе се врати на патеките на напредокот, на економскиот развој, на патот на ЕУ и НАТО и колку некој, поради свои лични интереси сака да не одврати од оваа наша заедничка цел, тој не прави порешителни, уште многу повеќе силни да опстоиме, да се бориме, но и да успееме. Овој народ, оваа држава има капацитет да ги надмине овие проблеми и ќе ги надмине.
Како што и во минатото многупати ги надминала. Ние сме се снашле со многу предизвици, со многу опасности и на крај сме ги надминувале предизвиците со мудрост и со правилен избор на одлуки, секогаш водејќи сметка за националните и државни интереси. И кога е најтешко секогаш со народот бил ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ВМРО е константа која опстојала и во многу потешки времиња, ВМРО- е код околу кој се собирале сите кој ја сакаат слободата и самостојноста на земјата. ВМРО е емоцијата околу која се врзуваат многу судбини на Македонија. Тоа било така во минатото, така е и сега. ВМРО останува стремежот за слобода и стремежот за својата држава и независност.
Стремежот за сопствен напредок и успех. Во нашата основа е да ја заштитиме нашата држава и ве уверувам дека ќе успееме и ќе победиме, затоа што народот е силен и свесен и многу добро знае што се случува. Народот застанува против виткањето на „кичми“, против сценарија за дестабилизација, против рушењето на мирот и соживотот. Македонија е многу повеќе од ова. Сето ова ќе помине, и на крајот сите ќе треба да се погледнеме во огледало, и ние кои сега сме со народот, а и тие кои се од другата страна. Историјата ќе суди за улогите, а народот ќе цени, порача Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна: Во пресрет на претстојните празници сакам да упатaм порака до сите дека Македонија ќе победи. Македонија ќе продолжи да оди напред и да се развива.
Груевски им го честиташе најголемиот празник Велигден на сите кои го слават и им посака на граѓаните пријатни, радосни и спокојни празнични денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски