Здравствениот дом Скопје им препорачува на граѓаните за време на претстојните празници да внимаваат на конзумирањето храна од животинско потекло и на алкохолот.
Од Здравствениот дом информираат дека за време на празниците нивните дежурни ноќни пунктови како што се поликлиниката „Идадија“, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари и Драчево ќе даваат 24-часовна здравствена заштита.
Во сабота од 8 до 16 часот ќе работи дежурната специјалистичка служба во поликлиниката Букурешт, а 24 часа ќе работи и Службата за Итна медицинска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.