| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава тепачка во турскиот Парламент (ФОТО)

Тензиите што се појавија меѓу пратениците од владеачката Партија на правдата и развојот (АКП) и прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), денеска прерасна во тепачка, пренесе турската телевизија НТВ.

tepacka-parlament
Настанот се случи за време на рсправата за формирање комисија, која треба да ги истражи евентуалните престапи на органите на прогонот.

-Терористите надвор!, извика пратеник на АКП на адреса на неговите колеги од прокурдската ДПН.

Неговите зборови беа испровоцирани од изјавата на пратеник на ДПН кој пред пратениците кажа „им одавам почит на убиените цивили и деца од страна на органите на прогонот“.

За време на кавгата пратениците од двете партии од време на време си разменуваа тупаници, посочува НТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top