| четврток, 6 декември 2018 |

Кјелце прв полуфиналист во ЛШ

Во крајно неизвесен натпревар, ракометарите на Кјелце во реванш четвртфиналниот дуел на домашен терен го совладаа поранешниот европски првак Флензбург со 29-28. Првиот натпревар заврши нерешено и Кјелце со еден гол разлика (вкупен резултат од 57-56) се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Како и во првиот дуел и во ревнашот резултатот најчесто беше изедначен. Кшиштоф Лијевски беше јунакот на натпреварот, на 20 секунди пред крајот го постигна rешавачкиот гол. За Кјелце ова ќе биде трето учество на фајналфор во последните четири години.

Најефикасен кај победникот беше Михал Јурецки со 9 голови, a кај Флензбург по 8 гола постигнаа Расмус Лауге и Ласе Сван.

Останатите четвртфинални дуели се играат викендот:
Веспрем – Вардар (29-26 прв натпревар), Барселона – Кил (24-29) и ПСЖ – Загреб (28-20).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top