Според Православниот календар Велигден оваа година се паѓа на 1 мај, датум на кој се слави Празникот на трудот. Велигден да се поклопи со Први мај, се случувало и порано. Меѓутоа она што не се случувало е нешто друго.
Имено ретки се годините кога православниот и католичкиот Велигден се паѓаат на ист ден, но уште поретко е кога, како годинава, имаат растојаните од еден месец.
Католичкиот Велгден годинава се падна на 27 март, што е првпат во овој век да биде дури 34 дена пред православниот.
Можеби не сте знаеле, но католичкиот Велигден секогаш паѓа меѓу 22 март и 25 април, додека православниот може да биде меѓу 4 април и 8 мај. Сепак во пракса не се случило, се досега, растојанието меѓу нив да биде поголемо од еден месец.
Најголемото растојание во овој век се случило во 2013 година кога растојанието било 33 дена. Последен пат пак католички и православен Велигден се поклопиле во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.