| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарските шпиони пишувале за етнички Македонци

Де­ло­ви од по­ли­ци­ско­то до­сие на па­три­јар­хот Максим бе­ше об­ја­ве­но на бу­гар­ска­та на­ци­о­нал­на те­ле­ви­зи­ја, но ни­кој не за­бе­ле­жи де­ка во до­ку­мен­тот стои „ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние“

Не­о­дам­на по­чи­на­ти­от па­три­јарх на бу­гар­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква, Ма­ксим ја из­ве­сту­вал др­жав­на­та ко­му­ни­стич­ка без­бед­нос­на служ­ба на На­род­на Ре­пуб­ли­ка Бу­га­ри­ја за слу­чу­ва­ња­та во ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние во не­го­ва­та епар­хи­ја.

naslovna na senzacija tocka net

Во до­ку­мен­тот што го об­ја­ви­ја бу­гар­ски­те но­ви­на­ри, по­и­мот „ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние“ не е ста­вен во на­вод­ни­ци, ни­ту, има т.н. ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние, од­нос­но се ко­ри­сти исто ка­ко и тер­ми­нот „тур­ско на­се­ле­ние“, кој, да по­тсе­ти­ме, во Бу­га­ри­ја е приз­на­е­но ка­ко ет­нич­ко мал­цинс­тво.

maksim maksim1

Оваа „гре­шка“ во Бу­га­ри­ја, кој ди­рект­но се не­ги­ра со бу­гар­ска­та ве­ков­на и же­сто­ка про­па­ган­да де­ка Ма­ке­дон­ци­те се Бу­га­ри, до­се­га ни­кој не ја за­бе­ле­жал. На­ши­те ко­ле­ги од бу­гар­ска­та на­ци­о­нал­на те­ле­ви­зи­ја се кон­цен­три­ра­ле на скан­да­лот спо­ред кој Ма­ксим (со ово­зем­ско име Ма­рин Мин­ков) бил ко­дош, нас­про­ти твр­де­ње­то на Ко­ми­си­ја­та за раз­о­ткри­ва­ње на до­си­е­ја­та на тај­на­та по­ли­ци­ја и во­е­на­та раз­у­на­вач­ка­та служ­ба (бу­гар­ска­та ко­ми­си­ја за лу­стра­ци­ја), спо­ред кои оте­цот не бил ко­дош.

Ова е екск­лу­зив­на­та вест на Го­ран Бла­го­ев, во­ди­те­лот на еми­си­ја­та „Ве­ра и оп­штес­тво“. Тој, пак, не за­бе­ле­жал еден ин­те­ре­сен де­таљ, а кој го за­бе­ле­жа­ле уред­ни­ци­те на пор­та­лот „Сен­за­ци­ја“, кои во до­ку­мен­ти­те ги чи­та­ат и по­да­то­ци­те спо­ред кои Ма­ксим бил и агент на ру­ски­от КГБ.

Но, ни пр­ви­те ни вто­ри­те не за­бе­ле­жа­ле де­ка во до­ку­мен­ти­те стои и „ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние“ за чи­е­што шпи­о­ни­ра­ње бил за­дол­жен Ма­ксим, т.е. Ма­рин Мин­ков уште во 1959 го­ди­на. Во до­ку­мен­ти­те не е чит­ли­во за ко­ја епар­хи­ја се ра­бо­ти, но е јас­но чит­лив текст „ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние“ (на­пи­шан рач­но) на на­чал­ни­кот на тре­та­та упра­ва на Др­жав­на­та без­бед­ност, пол­ков­ни­кот Г. Кр­стев.

Ко­до­ши­те на Ма­ке­дон­ци­те во вр­вот на бу­гар­ска­та по­ли­ти­ка

Лу­стра­ци­ја­та во Бу­га­ри­ја, за раз­ли­ка од кај нас, не­ма ни­ка­кви пос­ле­ди­ци по лу­стри­ра­ни­те, но откри­ва мно­гу ин­те­рес­ни ин­фор­ма­ции за по­но­ва­та бу­гар­ска­та исто­ри­о­гра­фи­ја. До­си­е­то на Ма­ксим е са­мо пос­лед­но­то од ни­за­та отво­ре­ни до­си­е­ја, кои све­до­чат за ен­дем­ска­та па­ра­но­ја на бу­гар­ско­то оп­штес­тво од Ма­ке­дон­ци­те. Кол­ку за по­тсе­ту­ва­ње, кај источ­ни­от со­сед бе­ше лу­стри­ран и по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел Ге­ор­ги Пр­ва­нов, (Бу­га­рин од „ма­ке­дон­ски про­из­ход“), ина­ку исто­ри­чар по про­фе­си­ја, кој, исто та­ка, ги ко­до­е­шел Ма­ке­дон­ци­те во Бу­га­ри­ја и ре­дов­но ја из­ве­сту­вал тај­на­та по­ли­ци­ја за ра­бо­та­та на ма­ке­дон­ски­те исто­ри­ча­ри. На кон­тро­верз­ни­от и, со крај­но ди­ску­та­бил­ни на­уч­ни по­тен­ци­ја­ли, ми­ни­стер Бо­жи­дар Ди­ми­тров, до­вол­но му би­ло да плу­ка по Ма­ке­до­ни­ја за да стиг­не до таа функ­ци­ја во вла­да­та на Бој­ко Бо­ри­сов. И тој е лу­стри­ран, ка­ко со­ра­бот­ник по „ма­ке­дон­ски­от впрос“ уште од 1973 го­ди­на. За со­ра­бот­ник на тај­ни­те служ­би се сме­та уште еден Бу­га­рин од „ма­ке­дон­ски­от про­из­ход“, по­ра­неш­ни­от пре­ми­ер Сер­геј Ста­ни­шев. Кра­си­мир Ка­ра­ка­ча­нов (ина­ку од вла­шка на­ци­о­нал­ност), ли­де­рот на ВМРО-БНД, за­дол­жен за ин­ци­ден­ти, исто та­ка е ко­дош по ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње и ја во­ди ед­на од нај­бо­га­ти­те по­ли­тич­ки пар­тии во Бу­га­ри­ја.

прванов

Со пос­лед­но­то лу­стра­ци­ско откро­ве­ние (иа­ко ова не го пра­ви др­жав­на­та ко­ми­си­ја) на Ма­ксим, са­мо се по­твр­ду­ва ста­ра­та бу­гар­ска па­ра­но­ја од ко­ја нај­ус­пеш­ни­те ви­ка­чи по Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но ако и са­ми­те се Ма­ке­дон­ци по по­тек­ло, ре­чи­си се ре­зер­ви­ра­ни си­те при­ви­ле­гии и нај­ви­со­ки функ­ции во др­жа­ва­та.

По­себ­но­ста на до­си­е­то на двој­ни­от ко­дош Ма­рин Мин­ков, во од­нос на тоа, на при­мер, на Пр­ва­нов, е што то­гаш­ни­те без­бед­нос­ни ор­га­ни на НР Бу­га­ри­ја (во 1959 го­ди­на), Ма­ке­дон­ци­те ги во­дат ка­ко по­се­бен ет­нос. Во до­си­е­то на Пр­ва­нов по­сто­ја­но се пи­шу­ва за т.н. ма­ке­дон­ски впрос или за „ма­ке­дон­ски впрос“ (ма­ке­дон­ско пра­ша­ње).

Осо­бе­но го­ле­ма те­жи­на на до­си­е­то на Ма­ксим му да­ва фа­ктот што тој бил по­ста­вен на таа функ­ци­ја по сил­но за­ла­га­ње на бу­гар­ски­от ко­му­ни­стич­ки ди­кта­тор То­дор Жи­вков, не­ко­гаш­ни­от за­штит­ник на се­гаш­ни­от бу­гар­ски пре­ми­ер Бој­ко Бо­ри­сов. Спо­ред, пор­та­лот „Сен­за­ци­ја“, Жи­вков во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век ѝ за­бра­нил на цр­ква­та да ги др­жи ве­лиг­ден­ски­те по­сти, што Ма­ксим бес­по­го­вор­но го при­мил. По­доц­на во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век е до­ве­де­на во пра­ша­ње ле­ги­тим­но­ста на вла­де­е­ње­то на Ма­ксим, ко­га двај­ца ми­тро­по­ли­ти Пи­мен и Ино­кен­тиј фор­ми­ра­ат па­ра­ле­лен си­нод на Бу­гар­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква. При­чи­на за рас­ко­лот е ток­му до­ку­мен­тот од 8 март 1971 го­ди­на во кој По­лит­би­ро­то на Цен­трал­ни­от ко­ми­тет на Бу­гар­ска­та ко­му­ни­стич­ка пар­ти­ја го на­ве­ду­ва ре­ше­ни­е­то да се под­др­жи Ма­ксим за нов па­три­јарх на цр­ква­та.

Бро­јот на Ма­ке­дон­ци­те ја пла­ши Бу­га­ри­ја

Ве­ко­вен проб­лем на источ­ни­от со­сед е ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние, ток­му ка­ко што пи­шу­ва во служ­бе­ни­те из­ве­штаи на пол­ков­ни­кот Кр­стев. Уште од 19 век, ко­га кне­жес­тво­то Бу­га­ри­ја од го­ле­ми­те си­ли до­би­ва авто­но­ми­ја во рам­ки­те на Ото­ман­ска­та Им­пе­ри­ја. Го­лем број Ма­ке­дон­ци то­гаш из­бе­га­ле во Бу­га­ри­ја за да се спа­сат од тур­ски­те вла­сти. Бу­гар­ски­те вла­сти со цел да го пре­то­пат ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние во бу­гар­ско, им ги овоз­мо­жу­ва­ле си­те мож­ни при­ви­ле­гии. За ду­ри че­тво­ри­ца бу­гар­ски пре­ми­е­ри и за двај­ца пре­тсе­да­те­ли се знае де­ка има­ат ма­ке­дон­ско по­тек­ло.

 

Кол­ку Ма­ке­дон­ци има во Бу­га­ри­ја

На пр­ви­от по­пис во пи­рин­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја, во 1920 го­ди­на, спо­ред бу­гар­ска­та ста­ти­сти­ка, има­ло 155.570 жи­те­ли, а ни­е­ден од нив не се из­јас­нил ка­ко Ма­ке­до­нец. Во пр­ви­от по­пис по Вто­ра­та свет­ска вој­на, т.е. во 1946 го­ди­на, ко­га со Бу­га­ри­ја вла­де­ел еден Ма­ке­до­нец, Ге­ор­ги Ди­ми­тров, ка­ко Ма­ке­дон­ци се из­јас­ни­ле 160.000 лу­ѓе или 70 про­цен­ти од вкуп­но 253.000 жи­те­ли на Пи­рин­ска Ма­ке­до­ни­ја.

Слич­на си­ту­а­ци­ја е и со по­пи­сот во 1956 го­ди­на (не­по­сред­но пред отво­ра­ње­то на до­си­е­то на ко­до­шот Ма­рин Мин­ков). Од вкуп­но 281.000 жи­те­ли на Пи­рин­ска Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко Ма­ке­дон­ци се из­јас­ну­ва­ат 178.000 или 63 про­цен­ти од на­се­ле­ни­е­то. Ток­му тоа е тоа ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние што го пи­шу­ва во до­си­е­то на па­три­јар­хот Ма­ксим, а за чи­е­што шпи­о­ни­ра­ње бил за­дол­жен.

Де­неш­на­та бу­гар­ска др­жа­ва не ги приз­на­ва овие по­пи­си со об­јас­ну­ва­ње де­ка би­ле пра­ве­ни под при­си­ла, со ста­ли­ни­стич­ки ре­пре­сив­ни мер­ки.

Од след­ни­от по­пис во 1965 го­ди­на, па до си­те дру­ги де­нес, бро­јот на Ма­ке­дон­ци­те што се из­јас­ни­ле ка­ко та­кви е мно­гу мал.

Пишува: Александар Божиновски

(текстот е објавен во неделникот Република во бројот од 30 ноември 2012 година)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top