Мојата жена се разболе. Навистина беше нервозна поради проблемите на работа, во приватниот живот. Изгуби многу килограми. Стана премногу слаба и секогаш плачеше. Ја болеа главата, срцето, половината и градите, ја започнува Бред оваа потресна исповед.
Не спиеше добро и брзо се ззаморуваше во текот на денот. Нашата врска беше на работ. Нејзината убавина беше само сенка, имаше подочници и престана да се грижи за себе. Изгубив надеж и мислев дека ќе се разведеме. А тогаш одлучив да дејствувам. На крајот на краиштата, покрај себе ја имав најубавата жена на светот, напишал актерот и додал дека таа била идол за убавина и дека е среќен што може да ја прегрне и заспие покрај неа.
Почнав да ја посипувам со цвеќе, бакнежи и комплименти. Ѝ угодував во се и ѝ приредував изненадувања во текот на целиот ден. Ѝ давав многу подароци и живеев за неа. Во јавноста зборував само за неа. И успеа, процвета. Ме сака повеќе од секогаш. Не знаев дека може толку силно да сака. И тогаш сфатив: Жената е одраз на својот маж – ако ја сакате до лудило, таа и ќе стане тоа, завршил Бред Пит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Состојбата и е загрижувачка – Анџелина Џоли примена е во болница!